НАВОЈНИ ЗАТВАРАЧИ
Навојните затварачи се направени од специјално тенки алуминиумски плочи.
Површината се лакира или литографира по желба на купувачот.
По желба на купувачот може да се втисне натпис или знак на затварачот.
Навојните затварачи имаат сигурносен заштитен прстен со перфорација (неоштетена перфорација е гаранција за купувачот дека шишето не е отворено претходно).
По желба на купувачот навојниот затварач може да има две или повеќе перфорации на сигурносниот прстен.
Навојните затварачи се дизајнирани за затварање на негазирани производи, алкохол,вино, фармацевтска, хемиска индустрија.
Употребата на влошки кои се во табелата се препорачани, но тоа може да се смени по барање на купувачот.
За нарачка нагласете го типот на затварачот, висината, типот на влошка и број на перфорации на сигурносниот прстен.